Што е Whey протеин и кои се неговите бенефити?
Whey протеинот, односно протеинот од сурутка, е висококвалитетен млечен протеин кој настанува во процесот на производство на сирење. Се одликува со целосен аминокиселински состав и брза апсорпција, поради што придонесува за зголемување и одржување на мускулната маса, го забрзува опоравувањето по физичка активност и го поддржува развојот на силата и издржливоста. Исто така, помага во контрола на телесната тежина обезбедувајќи долготрајно чувство на ситост и овозможува ефикасен внес на потребните протеини во секојдневната исхрана.
Olympic Ultra Whey Protein 750g
- 74,25 грама протеини на 100 грама
- 22 грама протеини по порција
- Пакување: 750 грама / 25 порции
- Природна арома
- Не содржи: вештачки адитиви и конзерванси
КВАЛИТЕТЕН ИЗВОР НА ПРОТЕИН ОД СУРУТКА ЗА УРАМНОТЕЖЕНА ИСХРАНА
Olympic Ultra Whey Protein е напиток на база на протеин од сурутка, наменет за сите кои сакаат да ја збогатат својата секојдневна исхрана со високовредни протеини.
Протеинот од сурутка (whey) е висококвалитетен млечен протеин кој настанува во текот на процесот на производство на сирење. Се одликува со комплетен аминокиселински состав, вклучувајќи ги сите есенцијални аминокиселини и BCAA, како и со брза апсорпција, што го прави еден од најценетите извори на протеини во човечката исхрана.
Карактеристики на протеинот од сурутка
- Содржи сите есенцијални аминокиселини, вклучувајќи леуцин
- Има висока биолошка вредност и одлична искористливост
- Лесно се вари и брзо се апсорбира во организмот
- Претставува практичен начин за зголемување на дневниот внес на протеини
- Се добива од природен извор – млеко
Протеините придонесуваат за зголемување и одржување на мускулната маса, како и за одржување на нормални коски, во рамки на урамнотежена и разновидна исхрана и здрав начин на живот.
За кого е наменет whey протеинот?
-Спортисти и рекреативци
-Физички активни лица
-Лица кои сакаат да ја збогатат исхраната со квалитетен извор на протеини
-Сите кои водат грижа за правилна и избалансирана исхрана
Како да се користи Olympic Ultra Whey Protein?
Измешајте 2 супени лажици (25 g) со 250 ml вода, млеко или јогурт и промешајте во шејкер или блендер до посакуваната текстура.
Препораки за внес на протеини
Физички активни лица: 1,5–2 g протеини по килограм телесна маса дневно.
Оптималниот внес на протеини се постигнува преку разновидна и урамнотежена исхрана.
Зошто да го изберете Olympic Ultra Whey Protein?
- Содржи висококвалитетни извори на протеин од сурутка (WPC 70 и WPI 88)
- Поседува поволен аминокиселински профил
- Пријатен вкус и лесно мешање
- Едноставна и практична подготовка
Достапен е во повеќе атрактивни вкусови, како што се чоколадо, ванила, јагода, чизкејк










